ВИДЕО | СТРАШНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД СИЛНОТО НЕВРЕМЕ ВО СРБИЈА – Ветерот синоќа соборувал дрвја, покриви, а предизвикана е и голема штета – погледнете ги застрашувачките снимки!

Силно невреме претходниот ден зафати поголем дел од соседна Србија. Невремето носеше се пред себе и направи големи штети.

Делови од Војводина, западна Србија и Белград останаа без струја и сигнали на мобилните телефони.

Летовите привремено биле прекинати на белградскиот аеродром „Никола Тесла“. Според информациите на соседните медиуми, невремето ги погодило и Крушевац, Рума, Ниш, Крагуевац и Чачак, каде под вода останале неколку улици.

На терен претходниот ден биле сите припадници на Секторот за вонредни состојби на Србија, пожарникари, спасувачи и претставници на јавните комунални служби. Силниот ветер синоќа соборуваше дрвја, носеше покриви и уриваше кранови на градилиштата.

Србија
Србија

Како што објави весникот Курир од Србија, уништено е и основното училиште во Рипње, кое, судејќи по фотографиите, останало без покрив.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа на кои се гледа што остави зад себе невремето што претходниот ден го зафати поголемиот дел од Балканот и Србија.

@qicha77

Ruma/Serbia after the storm 😱😱😱#serbia🇷🇸 #ruma #srbija #nevreme #centar #srem #vojvodina #lucifer #opstinaruma @Aleksandar Vučić🇷🇸

♬ original sound – Qicha

Ветерот дувал толку силно што носел и уривал се пред себе.

Ветерот корнел дрвја, носел покриви, а луѓето кои се нашле на улица панично во неверување и страв барале засолниште.

Ветерот ги отфрли покривите на неколку куќи и згради и во Нови Сад, предизвикувајќи голема материјална штета.

@dza_bo

Novi Sad, Telep posle oluje 19.7. #novisad #telep #nevreme

♬ original sound – Milena