ВИДЕО | СТРАШНО – Камерата ја снимила ужасната смрт на познат милионер: Скокнал со падобран од височина од 4.000 метри, но веднаш се тргнало наопаку – ова се причините

Познатиот руски бизнисмен Сергеј Циганов (52 г.) го загубил животот при скок со падобран во близина на областа Коломна во Москва.

Камерата го снимила застрашувачкиот момент кога сопственик на фармацевтска компанија и медиумски магнат загинал во мистериозна несреќа со падобран. На видеото објавено на каналот SHOT на социјалната мрежа Телеграм се гледа како падобранец паѓа на земја со голема брзина додека падобранот се чини дека е само делумно отворен.

Милионерот итно бил префрлен во болница во критична состојба, но не можел да се спаси.

Локалните медиуми објавија дека Сергеј Циганов бил искусен падобранец, кој отпатувал во Москва само за скокот. Тој скокнал од хеликоптерот Mi-8 на аеродромот „Коробчево“. Според информациите на руските медиуми, хеликоптерот бил на 4.000 метри над земјата кога тој излетал.

Руските медиуми објавија дека е покрената е истрага за инцидентот.

Сергеј Циганов, родум од Рјазан, бил директор на медицинските клиники Invitro во таа област. Претходно, тој ги поседувал радио станиците Europa+ и една локална радио станица. Тој живеел во Рјазан со сопругата и малиот син.

Трагедијата е продолжение на серијата мистериозни смртни случаи на познати Руси.

Пратеникот Александар Колодич (58 г.) наводно бил пронајден закопан во подрумот од неговата куќа, откако во понеделникот бил брутално избоден до смрт. Пратеникот наводно бил завиткан во бел чаршаф покриен со урнатини.

Николај Борцов (77 г.) неодамна беше пронајден мртов во својот дом. Пратеникот и олигарх сопственик на безалкохолни пијалоци со наводни мистериозни врски со Велика Британија е пронајден мртов во својот дом во областа Липецк во Русија.

Мртов бил пронајден и големиот енергетски тајкун Игор Шкурко (49 г.). Тој бил откриен мртов во ќелија во притвор, откако бил обвинет и уапсен за примање мито.