ВИДЕО | СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ ЗАГРЕБ – Паѓаат покриви и дрва, а во градот владее тотален хаос – погледнете!

Големо невреме го зафати главниот град на Хрватска, Загреб! 

Црни облаци се надвиснаа над хрватската престолнина, а силен ветер ги носеше дури и покривите на куќите и зградите, додека кантите за ѓубре летаа како пердуви, пишуваат тамошните медиуми.

Jutarnji List пишува дека ништо не е подобро ниту во предградијата, во Запрешиќ и Самобор владее тотален хаос…

Метеоролошката служба во својата прогноза за денес информира дека попладнево се можни неколку локални врнежи од дожд, претежно во висорамнините и централните подрачја на Хрватска. Судејќи по силните облаци над Загреб, невремето може да продолжи во секој момент, а доаѓа од запад – од Словенија, додава споменатиот хрватски медиуми.

Поради силното невреме што во средата попладне го зафати Загреб, сите линии на градската Итна помош во моментов се зафатени со огромен број повици“, извести градоначалникот Томислав Томашевиќ и апелираше до граѓаните да се јават само во случај на опасност на живот и екстремни итни случаи.

Поради невремето, сите линии на различните градски служби за итни случаи, од противпожарната до итна помош, во моментов се зафатени со огромен број повици. Ги молиме загрепчани да се јават во овој момент само во случај на опасност до живот и екстремни итни случаи, додека ситуацијата не се стабилизира“, напиша Томислав Томашевиќ во објава на социјалната мрежа Твитер.

Според новинарите на Jutarnji List, во центарот на градот владее тотален хаос. Улиците се под вода, семафорите не работат, трамваите се во застој, а луѓето се обидуваат сами да ги преместат паднатите дрвја.

По страшното невреме кое го опустоши Загреб, сите служби се на терен, пожарникари, полиција и итна помош.

Фотографии од последиците од невремето погледнете ТУКА.

слика