ВИДЕО Страшно торнадо во Франција: Корнеше покриви и дрвја, граѓаните во паника се јавуваа во брза помош!
Во четвртокот попладне торнадо го погоди градот Понтерион во централна Франција. Материјалната штета е голема, но нема повредени.
Градот Понтерион во централна Франција долго ќе го памети овој ден кога торнадо го зафати , предизвикувајќи огромна материјална штета.
Торнадото се појавило околу 17 часот, а еден возач успеал да сними видео од својот автомобил на кое се гледа доаѓањето на торнадото.
Невремето остави голем број куќи во Понтарион без покриви и прозорци, а оштетени се и телефонските линии. За среќа во селото нема повредени.
Торнадото беше предизвикано од силни ветрови кои доведоа до временски проблеми низ цела Франција, а во некои региони ветровите дуваа и до 100 километри на час, пишува France24.
Торнадото кое го погоди споменатото село е наводно првото вакво торнадо во последните 25 години. Извештаите на сведоците ги нарекоа сцените „речиси апокалиптични“.
За неколку минути торнадото крена покриви, дрвја, земја… Итната помош снимила 150 повици од преплашени граѓани.