ВИДЕО | СУПЕРМОДЕРНО МОЌНО ОРУЖЈЕ – Ова е новиот американски стратешки бомбардер: Тајниот проект на Пентагон штотуку полета за првпат

B-21 Raider го направи својот прв пробен лет во петокот, а сега овој футуристички воен авион е чекор поблиску до тоа да стане следниот најмоќен американски бомбардер со нуклеарно оружје, пишува Defence News.

Пробниот лет на B-21 Raider се одржа во Палмдејл, Калифорнија, каде што беше развиен и тестиран од Northrop Grumman.

Военото воздухопловство на САД планира да изработи 100 вакви воени авиони, кои имаат форма на крила слични на претходникот B-2, но ќе вклучуваат и некои напредни материјали, погон и т.н. „stealth“ технологија, која ќе им даде голема предност во идна, евентуална битка. Планот е вакви авиони да се произведуваат во верзии со и без пилоти.

слика
B-21 Raider

B-21 Raider е во фаза на тестирање“, порача портпаролката на воздухопловните сили на САДЕн Стефанек.

Ваквото тестирање е клучен чекор во напорите да се обезбеди далечен и сигурен продорен удар за да се одврати агресијата и стратешките напади против САД, сојузниците и партнерите“, вели Ен Стефанек.

B-21 Raider е првиот нов американски бомбардер по повеќе од 30 години и речиси секој аспект од програмата е таен. Northrop Grumman и воздухопловните сили на САД направија се за да ги заштитат деталите од програмата за да ја спречат Кина да добие пристап до технологијата на оружје и да изгради слична верзија, како што направи со некои други напредни американски авиони како што е F-35.

Пентагон го разви B-21 Raider како дел од напорите за модернизација на сите три дела од својата нуклеарна тријада, која вклучува и нуклеарни балистички ракети и боеви глави лансирани од подморници, и инвестира во ново оружје за да го задржи чекорот со брзата воена модернизација на Кина.

Погледнете го пробниот лет на B-21 Raider во видеото ОВДЕ.