“ЗА ОВА НЕМА НИКАКВО ОПРАВДУВАЊЕ“ – Емануел Макрон остро го нападна Израел: “Не можеме да кажеме дека се бориме против тероризмот убивајќи невини деца…“

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го повика Израел да ги прекине бомбардирањата во кои се убиваат цивили во Појасот Газа, во интервју за BBC објавено во петокот вечерта.

Ние страдаме заедно со Израел и ја разбираме нивната желба да се ослободат од тероризмот. Но, денес всушност се бомбардираат цивили. Мали деца, жени и стари луѓе умираат под бомбите. За ова нема никакво оправдување и нема легитимитет за тоа. Затоа го повикуваме Израел да престане“, посочи тој во интервјуто кое ја разбрани светската јавност.

Здравствените власти во Појасот Газа под контрола на Хамас соопштија дека 11.078 луѓе, меѓу кои 4.506 деца, биле убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната што го предизвика крвавиот напад на палестинското исламистичко движење врз еврејската држава на 7. октомври.

Појас Газа

Оваа реакција во борбата против тероризмот мора да биде во согласност со меѓународните правила за војување и меѓународното хуманитарно право бидејќи тоа е демократска земја“, порача претседателот на Франција.

Одговарајќи на прашање за можното кршење на меѓународното право од страна на Израел, Емануел Макрон посочи дека тој „не е судија“, туку „претседател на државата“.

Тој, исто така, вели дека е загрижен дека „сеопфатното бомбардирање“ на Појасот Газа може да поттикне „желба за одмазда“ во регионот.

Интервјуто се случил еден ден по „хуманитарната конференција“ организирана во четвртокот во Париз на предлог на францускиот претседател, каде тој повикал „да се работи на примирје“.

Нема друго решение освен хуманитарна пауза на прво место, а потоа прекин на огнот што ќе овозможи заштита на сите цивили кои немаат никаква врска со терористите“, посочи Емануел Макрон во петокот.

Не можеме да кажеме дека се бориме против тероризмот убивајќи невини лица“, нагласува тој.

Новите официјални податоци ревидирани во петокот покажуваат дека 1.200 луѓе загинале на израелската страна од почетокот на војната, повеќето од нив цивили кои загинале на денот на нападот од Хамас, кој Израел, Соединетите Американски Држави и Европската унија го назначија како терористичка организација.