Приведени тројца крадци од Штип меѓу кои и еден малолетник – расчистени четири тешки кривични дела  

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Штип и Отсекот за општ криминал при СВР Штип расчистија четири кривични дела „тешка кражба“. Осомничени и приведени се три лица.

Како што информираа денеска од МВР, три дела биле извршени во февруари и април од обложувалница и продажен објект во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничени и приведени биле Е.Џ. (20 г.) и еден малолетник од Штип. Четвртото дело „тешка кражба“ било извршено на 24.04.2023 од куќа во Штип, од каде биле одземени повеќе предмети, а осомничен и приведен бил Е.Ј.(18 г.) од Штип.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопштија од МВР.