ВИДЕО | СЦЕНА ЗА ПАМЕТЕЊЕ ОД ЊУЈОРК – Новак Ѓоковиќ заедно со својот син во голема бучава ја прославуваат титулата на УС Опен, погледнете!

Ниту силен дожд не можеше да ја расипе прославата на најдобриот тенисер во светот.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ претходната вечер ја освои четвртата титула на УС Опен, 24. Грен Слем трофеј во кариерата, откако во финалето по три сета го совлада третиот светски рекет, Русинот Данил Медведев.

По натпреварот силен дожд го зафати Њујорк, но тоа не ги спречи Новак Ѓоковиќ и неговиот син Стефан заедно да го прослават величествениот успех. Тие пееја заедно и скокаа од радост на дождот.

Погледнете ја оваа преслатка сцена во видеото: