На социјалните мрежи се појави урнебесно видео од маж како го запали автомобилот на синот на градоначалникот на општина Пале во Сараево, Бошко Југовиќ.
На видеото се гледа како маж, покриен со бел чаршаф, се приближува до теренецот Škoda Kodiaq на улицата Миодраг Лоловиќа.
Во сцената, како од филмовите за комедија, човекот прво се прикрадува, погледнува наоколу и се подготвува да го запали теренецот, пренесува Српскаинфо .
Откако успеал во намерата, како што може да се види на видеото од надзорните камери, за малку ќе се запалил, односно пламенот не му го зафатил чаршафот, т.е. штитот.
Во текот на ноќта во Пале на друга локација било опожарено уште едно возило, а според неофицијални информации е сопственост на сопственик на ресторан.
– Во полициската станица Пале околу 01:00 часот било пријавено дека едно возило гори, а околу 01:20 часот гори друго. Пожарникарите ги локализираа пожарите, а полицијата е на терен – изјави за Срна Весна Стокановиќ, портпаролка на полициската управа во Источно Сараево.
Тој истакна дека по истрагата ќе се знае повеќе за причините за пожарот, но се претпоставува дека возилата биле намерно запалени.