ВИДЕО | Сцена од Маргот Роби која го воодушеви целиот свет: Детал за убавата актерка кој никој не го знаел, а со него ги освои срцата на многумина – погледнете

Убавата 33-годишна актерка Маргот Роби деновиве е многу актуелна поради главната улога што ја одигра во филмот за најпознатата кукла Барби – „Barbie“, а покрај неа во филмот играат и Рајан Гослинг, Америка Ферера

И додека целиот свет го „тресе“ розева треска, огромно внимание привлекуваат стајлинзите од филмот, како и животните и љубовните приказни на главните актери за кои главно не се знае многу за тоа какви се овие луѓе приватно.

За Маргот Роби сега со сигурност може да се каже дека е навистина убава личност, а тоа јасно го покажува и видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Иако се работи за видео што е снимено минатата година во Амстердам, дури сега заживеа на социјалните мрежи, среде промоцијата на филмот за „Barbie“ ширум светот.

Секако, сите знаеме дека Маргот Роби е неверојатна актерка, како што покажа и во претходните филмови, но таа е личност која целосно им се посветува на обожавателите.

Корисничка на социјалните мрежи сосема случајно снимила видео на црвениот тепих и открила скриен талент на актерката, кој остави многумина без зборови.

На хит-видеото е гледа дека Маргот Роби научила знаковен јазик и успешно го совладала и го користела за време на премиерата на црвениот тепих. Едно лице, обожавател од другата страна на оградата, и се обратил на знаковен јазик.

Иако дотогаш делела автограми за обожавателите, кога ѝ се јави еден глувонем, Маргот Роби веднаш оставила сè и започнала да „зборува со рацете“, со срдечна насмевка. Со тоа таа покажала колку ги почитува своите обожаватели и ги освои срцата на многумина ширум светот.