ВИДЕО | Таа е вистинска ‘бомба’ но има еден проблем – не може да најде дечко! Сите момчиња ја одбиваат поради ова, но таа вели: “Ќе го докажам спротивното!“
Оваа девојка важи за вистинска убавица, но има еден проблем – не може да најде момче…
Убавата Мари Темара (28 г.) од Флорида, иако важи за убава девојка и прилично „жешка“, сепак се бори проблемот во пронаоѓањето на момче за нејзе. Ќе помислите дека таа не може да се „одбрани“ од нив, но реалноста е поинаква.
Поради својата вртоглава висина од 188 сантиметри, таа не може да најде идеален партнер за себе. Цел живот се бори со негативни коментари на социјалните мрежи, но сепак не успева да биде во среќна во љубовта.
„Отворена сум за излегување со момци од која било висина, но тешко е да се најде маж на кој не му пречи ако жената е повисока од него“, изјавила таа за странските магазини.
Девојката вели дека често и зборувале дека не е можно жената да биде и висока и женствена во исто време, но таа цврсто решила на сите да им го докаже спротивното. Исто така, таа се надева дека ќе го промени непишаното правило дека мажите во врските мора да бидат повисоки од понежниот пол.
„Признавам, многу е тешко да се најде маж повисок од мене. Мојот избор е прилично ограничен. Еден дечко со кој излегував напиша на својот профил дека е висок 195 см, но кога се запознавме, сфатив дека има 180“, изјавил Мари.
Таа додава дека повеќепати и велеле дека никој не сака високи девојки и дека изгледа како маж во штикли, како и дека треба да игра кошарка. Таа правела се за да изгледа пониско, но тоа, се разбира е невозможно. Сепак, не е сè толку темно за Мари.
„Неодамна почнав да излегувам и со пониски мажи. Отворена сум за состаноци со момци од која било висина, но тешко е да се најде маж на кој не му пречи ако жената е повисока од него. Се надевам дека ќе го сменам наративот. Тоа воопшто не треба да е важно“, заклучила таа.