ВИДЕО | “ТАА Е МОЈАТА МУЗА“ – Ќерката на Мадона и оддаде голема почит на мајка си: Го објави својот трет сингл, а спотот предизвика бурни реакции
Ќерката на Мадона, Лурд Леон, и оддаде почит на својата позната мајка во новото, прилично мистично музичко видео (спот) за нејзиниот трет сингл „Spelling“.
Според Daily Mail, 26-годишната музичарка го споделила видеото на социјалните мрежи Инстаграм и Јутјуб, откривајќи дека била инспирирана од безвременскиот спот на нејзината мајка за познатата песна „Frozen“, објавен во 1998 година. Исечокот, кој е снимен во Ашокан Акрес, има силна врска со оригиналот; од тонот до темно сините нијанси кои преовладуваат, а Лурд Леон игра сличен етеричен, вештерски лик со долга распуштена црна коса, до истите црни мотиви на птици и кучиња.
Лурд Леон, која исто така се појави гола во еден момент на спотот, напиша трогателен коментар додека ја пофали својата 65-годишна мајка, нарекувајќи ја своја муза.
„Ова парче е многу посебно. Тоа е почит кон вечното уметничко дело на мајка ми – Frozen“, напиша Лурд Леон, која уметнички се нарекува Лолахол.
Спотот започнува во темна шума, зумирајќи ја Лурд Леон, која лебди во воздухот облечена во морничав црн фустан, сличен на оној што го носеше Мадона во оригиналот. Воведните кадри се совпаѓаат и со оригиналот, при што Мадона лебди во воздухот над испуканиот пустински под. Во спотот, рацете на Лурд Леон се завиткани во црна ткаенина, а нејзините очи се морничаво бели.
Покрај сите други врски, за разлика од видеото на Мадона, кое завршува со сцена на копање во пустинската почва со рацете, „Spelling“ завршува со гола сцена од Лурд Леон влегувајќи во река, а косата нежно и паѓа на грбот додека полека тоне во водата. „Spelling“ е режиран од Клер Фарин, а продуциран од Изабел Левин.
Лурд Леон, како што сега е сосема јасно, тргна по стапките на мајка си и ја продолжува својата музичка кариера.
Ова ново видео доаѓа 25 години откако Мадона го објави спотот за „Frozen“, водечкиот сингл од нејзиниот седми студиски албум „Ray of Light“.