ВИДЕО | Темната страна на еден од најпосакуваните острови за летување на Македонците – погледнете во какви ‘колиби’ се сместуваат туристите: “Ова чини 57 евра дневно за двајца !?“
Грција со години е на врвот на најпопуларните европски летни дестинации, благодарение на античките споменици, одличната храна и прекрасните острови со едни од најубавите плажи во светот.
Во оваа медитеранска земја, локалното население максимално ги користи сите придобивки од туризмот, така што наоѓањето прифатливо сместување е како добивка на лотарија, а овогодинешните температури од 45°C ги натераа туристите повторно да размислуваат за нивните грчки авантури.
Туристичката агенција Nikana на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видео од поволно сместување на еден од најскапите грчки острови, а во нашата држава омилено место за летување на богатите – Миконос. Видеото за кратко време стана хит во регионот и собра голем број на прегледи поради соодржината.
„Вака изгледа поволно сместување во Миконос. Без клима за 57 евра дневно за двајца“, пишува во описот на видеото.
Погледнете го видеото ОВДЕ.
Во малиот подвижен дом има два кревети, огледало и вентилатор, поради што корисниците на социјалната мрежа брзо се вклучија во дискусија и под видеото се оставени многу лоши коментари.
„Ова е класичен контејнер. Мобилен тоалет што се користи на паркинзи до автопат… Тогаш подобро е да останете дома, да отидете до блиската река или базен и за 52 евра купете полн мини фрижидер пиво и сендвичи и вистиснки да уживате“, заклучил еден од корисниците под објавата.
Под видеото следувале гневни реакции, при што некои заклучиле дека затворските ќелии изгледаат похумано од оваа понуда. Една туристка одамна резервирала сместување за своето семејство, но загрижена е за неподносливите горештини и пожарите со оглед на тоа што патува со семејството и малите деца. Таа контактирала со адвокат за да види дали постои можност нејзиното патничко осигурување да го покрие одложувањето на нејзиното патување за друг датум.
„Мора да ги погледнете условите и понудите приложени на полисата за патничко осигурување за да дознаете кои околности и настани се вклучени“, одговорил нејзиниот адвокат Дин Данам.
Според магазинот This is Money, постојат три причини за потенцијално откажување на патување и барање за враќање на парите. Првото можно решение е да се добие докторско уверение дека поради преголеми горештини лицето не може да патува бидејќи тоа би му ја влошило здравствената состојба.
Втората опција е Владата на земјата треба да издаде предупредување да не се патува до дестинацијата поради жештините освен во итни ситуации, а третата опција е да прогласи вонредна состојба која трае долго време на дестинацијата.