ВИДЕО | ТЕПАЧКА ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО! Познати политичари се степаа, летаат шамари и тупаници, погледнете

Едно политичко шоу во Пакистан доби неочекуван пресврт кога жестоката дебата меѓу двајца политичари прерасна во тепачка, пишува India Today. Инцидентот, кој оттогаш стана вирален, се случил во популарната пакистанска емисија „Кал Так“, водена од Џавед Чаудари.

Двајцата вклучени политичари се Шер Афзал Марват, адвокат поврзан со Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на Имран Кан и Афнан Улах, сенатор од пакистанската муслиманска лига Шариф-Наваз.

Вербалниот конфликт брзо излегол од контрола кога сенаторот Афнан Улах Кан изнесе обвинувања против првиот човек на ПТИ, Имран Кан, обвинувајќи го за недолично однесување и тајни разговори со воениот естаблишмент.

Ситуацијата дополнително се влошила кога Имран Кан возврати, што доведе до тепачка со тупаници на телевизија во живо. И покрај напорите на екипата и водителот на емисијата да ги разделат, тепачката продолжила, оставајќи ги гледачите и нацијата во шок, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

По инцидентот и двајцата политичари се огласија на социјалните мрежи за да ги бранат своите постапки.