ВИДЕО | Тешки денови за една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија: “Изгледа непрепознатливо и живее во подрум…“

Драгана Шариќ Тодоровиќ (61 г.), попозната по уметничкото име Беби Дол, јавноста одамна ја нема видено. Затоа екипата на српскиот веб-порталот Blic отишла во белградскиот кварт Врачар, каде што провериле неколку адреси на кои наводно живее некогаш познатата поп пејачка, која ја претставуваше Југославија на Евровизија во 1991 година со песната „Бразил“.

Но, соседите тврдат дека Беби Дол по неколку преселби моментално живее во стан сместен во подрум и дека мора да влезе во сопствениот дом преку – гаражата.

Не сме ја виделе долго време. Ми се чини дека последен пат прошета овде пред два месеци. Последно што знам е дека живее во подрум, а во куќата влегува преку гаража“, вели една жена, која живее во две згради од Беби Дол.

слика
Драгана Шариќ Тодоровиќ

Ја видов неколку пати додека се шеташе со своето момче. Тие се расправаа. Не беше пријатно да се слушне или да се види такво нешто. Целата улица зуеше од нив двајца. За жал, многу ослабе, тоа е сосема поинаква Беби Дол од онаа како што ја паметиме, таа е буквално непрепознатлива“, тврди друга сосетка.

Екипата на Blic ја чекала со часови, но од неа немало ни трага ни глас, додека на нејзиниот прозорец имало решетки, а ролетните биле спуштени.