ВИДЕО | “ТИК-ТОК МАФИЈА“ ЦАРУВА СО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Објавена нова драматична снимка: Познат кик-боксер се заканува на келнер и го удира со шлаканица

Неодамна јавноста во Босна и Херцеговина, но и во регионот, беше шокирана од видео-снимка на која поранешниот европски шампион во кик-бокс, Љубан Хофман Видовиќ, во придружба на непознати мажи влегува во неколку ресторани во Сараево и им се заканува на сопствениците.

Сега се појави и видео-снимка од неговиот брат Миљан. Како што може да се види на видеото, Миљан безобразно фаќа за лице еден келнер и притоа му се заканува. Тој бил во друштво на уште двајца мажи, а во еден момент таа му удира шлаканица и го удира во стомакот видно исплашениот келнер.

Според Klix.ba, Миљан збеснал на келнерот затоа што тој наводно недолично и се обратил на неговата ќерка.

Видео-снимката наводно била направена во ресторан на Фрушка Гора, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Браќата се од Бјелина, а двајцата биле успешни кик-боксери. На полицијата и биле познати по неколку кривични дела, меѓу кои и киднапирања. Исто така, оваа година Миљан Хофман беше снимен во друштво на обезбедување предводени од генералниот секретар на Владата на Србија, Новак Недиќ, во пресрет на митингот на СНС на Александар Вучиќ во Панчево.

Учесниците на снимката на која Љубан Хофман Видовиќ им се заканува на кафулињата во Сараево, подоцна изјавија дека сето тоа е само шега, а истото го кажал и сопственикот на еден од локалите кој Љубан Хофман Видовиќ го посетил.