ВИДЕО | “ТОПЛО“ ДОБРЕДОЈДЕ – Министерот за надворешни работи на Велика Британија штотуку пристигна во Израел веднаш го пречекаа ракети: Погледнете како бара засолниште

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Џејмс Клеверли, беше принуден да се сокрие на заштитно место за време на неговата посета на јужен Израел.

На видеото објавено на социјалната мрежа Х (Твитер), се гледа Џејмс Клеверли (човекот во црвени чорапи) и група луѓе како трчаат во зграда додека се огласуваат сирените за итни случаи во градот Офаким, а снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Sky News објави дека министерот допатувал во Израел во средата наутро за да ја покаже непоколебливата солидарност на Велика Британија со земјата.