ВИДЕО | ТОРНАДО НА ХАЛКИДИКИ: Погледнете го монструозниот вител, повредени неколку туристи – еден се здоби со скршеници

Силно невреме ја зафати областа Неа Плаја на Халкидики и за неколку минути собори чадори и оштети друг мебел на плажите.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од торнадо во морето. На една снимка се гледа дека за време на невремето во близина на плажата се формирал монструозен вител кој ги поврзува небото и морето.

Локалните грчки медиуми јавуваат дека поради силниот ветер најмалку четири лица се повредени, од кои едното, според непотврдени информации, е пренесено во болница поради скршеница.

Останатите три повредени лица се здобиле со полесни повреди на кои на лице место им била укажана прва помош од две возила на Итната помош.

Неа Плаја се наоѓа на 40 километри јужно од Солун.