ВИДЕО | “ТУКА Е СПЕКТАКУЛАРНО И ЛУКСУЗНО!“ – Еден од најголемите кошаркари на сите времиња летува во Црна Гора: Погледнете каде Меџик Џонсон уживаше со сопругата

Еден од најдобрите кошаркари во историјата реши да го помине одморот со сопругата на локација која изненади многумина.

Меџик Џонсон е еден од најголемите кои некогаш играле кошарка, легенда на спортот, НБА и клубот Лос Анџелес Лејкерс.

Летово легендарниот кошаркар ја посети Црна Гора од каде заедно со сопругата Куки Џонс објавија само позитивни впечатоци.

Возбудливо е кога Куки и јас истражуваме нова земја. Црна Гора е спектакуларна! Прв пат сме во оваа земја, таа е убава и луксузна“, напиша Меџик Џонсон во објава на социјалните мрежи.

Заедно со тие зборови тој објави и фотографија со сопругата, како и неколку кадри каде со следбениците сподели што го воодушевило.

Меџик Џонсон ја помина целата своја кариера играјќи за Лос Анџелес Лејкерс, ја освои лигата пет пати, беше МВП на лигата три пати и МВП на финалето во исто толку наврати и беше дел од Ол-Стар натпреварите 12 пати.

Клувот од „градот на ангелите“ реши да го повлече дресот со број 32.