ВИДЕО | Туристи доживеале шок на една од најпознатите плажи во светот: “Погледнете што прави човекот кој ги снима…“
Група возбудени туристи доживеале шок на една од најпознатите, но и најопасните плажи на светот кога за малку ќе ги соборел бран додека се фотографираат.
Тоа е плажата Рејнисфјара на Исланд, позната по својот црн песок, по која лудуваат туристите од целиот свет. Се наоѓа на јужниот брег на Исланд, на брегот на Северниот Атлантик, каде преовладуваат опасни и непредвидливи морски струи.
Имено, маж и жена се упатиле кон океанот и ги кренале рацете високо над главите со грб свртен кон камерата за да може член на нивната екипа да ги фотографира како спомен.
Во еден момент почнале панично да бегаат кога виделе дека кон нив бурно се доближува низок бран. Не успеале да побегнат и бранот ги исфрлил во морето. Сепак, мажот успеал да застане на нозе и побрзал да ја зграби жената за да не ја однесе водата.
Човекот кој ги снимал почнал да бега, но продолжи да снима – случаен инцидент.
„Двајца возбудени туристи беа однесени од моќен бран на црната плажа на Исланд – една од најопасните плажи во светот“, пишува корисник на социјалната мрежа Тик Ток по име Келси, кој го снимил видеото.
Видеото досега собра повеќе милиони прегледи.