ВИДЕО | “ТУРЦИЈА НЕ ЈА ПРИЗНАВА АНЕКСИЈАТА НА КРИМ!“ – Реџеп Таип Ердоган побара ослободување на територииите заробени од Русија на Украинците

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес повтори дека Турција не ја признава анексијата на полуостровот Крим од страна на Русија.

Ние се залагаме и за став во корист на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“, порача Реџеп Таип Ердоган во видео пораката по повод третиот Самит на лидерите на Кримската платформа.

На почетокот на своето обраќање, Реџеп Таип Ердоган ги поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски, другите претседатели на држави и Влади, националниот лидер на кримските Татари, Мустафа Киримоглу и другите учесници на самитот.

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател упати честитки за Денот на знамето и Денот на независноста на Украина.

Турција, која не ја признава анексијата на Крим, од првиот ден решително се залагаше за ставот дека таквата акција е незаконска. На секоја платформа, особено во Обединетите нации, нагласуваме дека Крим е дел од Украина. Обезбедувањето безбедност и благосостојба на Кримските Татари, еден од домородните народи на Крим, е еден од нашите приоритети“, порача Реџеп Таип Ердоган кој побара ослободување на водачите на кримските Татари кои се во затвори во Русија.

Тој додаде дека нема победници во војна и губитници во мир и повика на крај на војната во Украина со праведен и траен мир.

Во овој процес правиме големи напори да ги задржиме отворени каналите за комуникација за да престане крвопролевањето и страните барем да се подготват за преговарачката маса“, порача Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот на Турција истакна дека властите во Анкара продолжуваат со напорите за заживување на Црноморската иницијатива, додавајќи дека во овој процес треба да се избегне секој чекор што ќе ги зголеми тензиите и ќе му наштети на мирот во Црното Море.

Киев, главниот град на Украина, денеска е домаќин на Третиот самит на Кримската платформа, кој се одржува во хибриден формат.