ВИДЕО | УБИЕН ПОЗНАТ БУГАРСКИ БИЗНИСМЕН – Човекот кој има преживеано два атентати овој пат им подлегна на повредите, а неговата сопруга се бори за живот – цела земја е на нозе, ова се деталите за убиството во Софија

Познатиот бугарски бизнисмен и поранешен припадник на државната безбедност, Алексеј Петров, е убиен во средата во Софија.

Алексеј Петров бил застрелан во населба Драгеловци. Соседните медиуми јавуваат дека жената која била со него е повредена и во тешка состојба е пренесена во болница. Во објавите од бугарските медиуми пишува дека го обезбедувале тројца телохранители и дека се движел по својата вообичаена рута.

Алексеј Петров подолго време беше припадник на специјалната единица за борба против тероризмот, по што влезе во деловните води. На пошироката бугарска јавност и е познат како сопственик на осигурителни компании и основач на осигурителната компанија „Аполо и Болкан“ во 90-тите години на минатиот век.

Против него беше покренато обвинение за предметот против криминалната група „Октопод“ која се занимаваше со рекет и изнуда, но подоцна беше ослободен од сите обвиненија.

Алексеј Петров бил и советник на претседателот на Државната агенција за национална безбедност во 2008 и 2009 година, а извесно време предавал и на Универзитетот за национална и светска економија во Софија. Тој се кандидираше за претседател во 2011 година, но на изборите освои нешто помалку од еден процент од гласовите.

АЛЕКСЕЈ ПЕТРОВ ПРЕЖИВЕА ДВА АТЕНТАТИ

Алексеј Петров преживеа атентат во август 2002 година и во 2015 година кога врз него беше фрлена експлозивна направа. Бизнисменот е трет бугарски државјанин поврзан со криминални кругови кој е убиен од почетокот на годинава.

Алексеј Петров

За потсетување, Красимир Каменов беше убиен во мај во Кејптаун, додека Ангел Христов беше пронајден мртов во неговиот дом на 3. јуни.