ВИДЕО | УДАР ВО СРЦЕТО НА РУСИЈА – Погледнете како Украинците прават ‘пепел’ во центарот на Москва: Луѓето панично бегаат

Во неделата рано наутро украински беспилотни летала го погодија главниот град на Русија, Москва. Едно лице е повредено, неколку згради се оштетени, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, објави медиумската агенција ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште два се урнале во Москва.

Граѓаните на социјалните мрежи објавуваат видеа од нападот, а на снимките може да се забележи дел од погодените деловни згради и хаосот по улиците.

Градоначалникот на МоскваСергеј Собјанин, претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви.

Украинската Влада се уште не ги коментираше нападите утринава, но украинскиот вицепремиер Михајло Федоров претходно изјави дека ќе има нови напади со беспилотни летала на територија на Русија.

Русија, од друга страна, и по претходните напади со беспилотни летала соопшти дека жестоко ќе возврати на Украина.

слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика
слика