ВИДЕО | УЖАС – Ученик со молив ја избодел другарката за време на час! Шокантна снимка кружи на Интернет: 14-годишното момче поради банална причина посегнал по животот на девојчето…

Полуден 14-годишен ученик од Манаус, Бразил, со молив избодел соученичка која му се смеела кога погрешно изговорил збор за време на училишна презентација.

На шокантната видео-снимка од Бразил може да се види како младото момче мирно држи плакат заедно со уште пет соученици, кога наеднаш ненадејно приоѓа и со молив ја напаѓа девојката. Најмалку пет пати ја прободел во главата и телото пред да биде сопрен.

Инцидентот се случил на 8. мај. На видео-снимката се гледа дека ученичката која седела во првиот ред ставила џемпер на лицето пред да биде избодена неколку пати. Шокираните соученици се слушаат како викаат додека едно од момчињата, кое исто така било дел од презентацијата, скокнало за да го спречи напаѓачот.

Неколку други ученици, исто така, помогнале да го задржат момчето додека не пристигнала полициска единица за да го уапси.

Началникот на полицијата Јулијана Тума изјавила дека против момчето ќе биде покрената истрага за обид за убиство. Џон Барето, таткото на момчето, објави видео во кое тврди дека морал да го пресели семејството во друг дел од градот бидејќи добивале смртни закани. Таткото нагласил дека неговиот син бил жртва на насилство од врсници во училиште.