ВИДЕО | УКРАИНА ДОБИВА НОВО МОЌНО ОРУЖЈЕ – Володимир Зеленски објави: “Ова ќе не заштити од рускиот терор!“
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека од Германија пристигнале две батерии на системот за воздушна одбрана IRIS-Т.
„Во Украина беа испорачани два нови фрлачи на IRIS-Т. Ова е моќен и многу потребен систем за воздушна одбрана. Благодарност до Германија што помогна да не заштити од рускиот терор“, кажа Володимир Зеленски претходната вечер во своето редовно видео обраќање до јавноста.
Тој додаде и дека го потпишал указот за резултатите од инспекцијата на воените комесари и работата на центрите за регрутирање во Украина.
„Раководството ќе биде целосно сменето. Војниците кои всушност биле во битка, кои навистина разбираат како и кого треба да изберат за нашите одбранбени и безбедносни сили, се тие кои ќе раководат со работата на територијалните регрутни центри“, посочи Володимир Зеленски.
Дополнително, тој додаде дека потпишал еден од клучните закони што ѝ требаат на Украина за да ги започне преговорите со Европската унија, а се однесува на членството во таа организација.
„Преговорите треба да почнат оваа година. Законот гарантира транспарентен, професионален и правичен избор на судии на Уставниот суд. Нашата земја е чекор поблиску до влез во Европската унија“, вели претседателот на Украина.