ВИДЕО | Украинскиот Рамбо се враќа на фронтот откако Русите го застрелаа неколку пати и за малку ќе го убиеа: “Додека дишам ќе се борам!“
Ветеранот на британската армија, познат по прекарот Рамбо, се врати на линијата на фронтот во Украина девет месеци откако преживеа голем руски напад.
Шареф Амин, 40-годишник кој служел девет години во првиот британски баталјон и два пати служел во Авганистан, за малку ќе ја изгубил десната нога и рака кога тој и неговите украински другари биле под немилосрдно гранатирање за време на извидничка мисија минатиот октомври.
Зачудувачки, како што пишува Daily Mail, помалку од девет месеци откако бил ранет, со прободени бели дробови и шрапнели во сите четири екстремитети, тој се вратил во војната бидејќи не можел да му го сврти грбот на народот на Украина.
„Отидов да се борам за слобода во време кога мирот во Европа беше загрозен од луд диктатор“, изјавил овој британскиот воен херој за The Sun и додал: „Оваа работа не е завршена. Додека не биде завршена, додека Украина не победи, ќе направам се што можам за да помогнам. Се обврзав пред народот на таа земја и имам намера да го почитувам до последниот истрел“.
И покрај страшните повреди, Шареф Амин бил спасен од другарите, а раката и ногата му биле оперирани во воената болница во Одеса. Откако бил евакуиран дома со приватен медицински авион во декември, тој бил лекуван од хирурзи во неговиот роден град Бристол, додека неговите пријатели собирале пари за да го вратат на неговата украинска свршеница Хелена Витвицкаја и нејзиниот 10-годишен син Платон.
Шареф Амин, кој повторно им се придружи на украинските другари во градот Херсон погоден од поплавите – откако беше уништена браната „Нова Каховка“ – вели дека го сака народот на Украина и, и покрај опасностите по живот, научил да ја поднесува болката. Вели дека се додека дише ќе продолжи да ја води добрата борба.
„Момчињата конечно се вратија во Украина по неколку месеци закрепнување. Штотуку ја завршивме последната етапа од минување на границата и тука е вториот круг. Слава на Украина“, рекол Шареф Амин во видеото во кое го најавува враќањето во војната.
Британскиот ветеран пристигнува во Херсон само неколку недели по кревањето во воздух на браната – за што и Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно. Шареф Амин, исто така, се враќа среде украинската контраофанзива и последиците од обидот за државен удар од страна на руската платеничка група Вагнер, приватната армија на Евгениј Пригожин.
Во својот болнички кревет, Шареф Амин претходно кажа дека отишол во Украина речиси веднаш по избувнувањето на војната во февруари 2022 година и првично пружел хуманитарна помош. Но, како што се разгоруваа борбите, тој почнал да ги користи вештините што ги научил во британската Армија за да ги обучува Украинците, пред конечно да се пријави како војник.