ВИДЕО | Украинците нападнаа бродоградилиште на Крим: “Го уништивме нивниот нов воен брод!“

Украински проектил го уништи новиот брод „Асколд“ на руската морнарица во градот Керч на полуостровот Крим, соопштија во неделата украинските воздухопловни сили.

Генерал-полковник Микола Олешчук на својот профил на социјалната мрежа Телеграм објави видео од нападот на бродоградилиштето Залиј во Керч, на крајниот исток на полуостровот. Од снимката не може да се утврди дали бродот навистина бил погоден, а видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Но затоа се објавени сателитските снимки, на нив изгледа дека е оштетен „Асколд“.

За нападот објавија и руски медиуми, повикувајќи се на информации добиени од Министерството за одбрана на Русија.

Руските медиуми пишуваат дека бродоградилиштето било нападнато во саботата вечерта. Од 15 ракети насочени кон таа локација, 13 од нив биле соборени од противвоздушна одбрана, пренесуваат медиумите, додавајќи дека Министерството за одбрана потврдило оштетување на еден брод.

Бродоградилиштето Залиј е едно од најголемите во Источна Европа. Тоа е под санкции на западните земји. Медиумите тврдат дека бродот требало да биде испратен во Црното Море за да истрела крстосувачки ракети на украинска територија.