ВИДЕО | Украинците се пофалија и објавија снимка: “Погледнете што им уништивме на Русите на Крим синоќа!“

Украина тврди дека уништила руски систем за против-воздушна одбрана во близина на градот Евпаторија во окупираниот Крим во ноќен напад со беспилотни летала и проектили, извршен од украинските безбедносни служби и морнарицата во четвртокот наутро.

Медиумската агенција Reuters пренесува дека ова тврдење го изнел извор од украинските разузнавачки служби.

Русија претходно соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила 11 нападни беспилотни летала во текот на ноќта над Крим, полуостров кој Русија го анектираше во 2014 година.

Украински извори на социјалните мрежи споделија непроверена видео-снимка од голема експлозија што наводно се случила во областа, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.

Неколку истакнати профили на социјалната мрежа Телеграм објавија дека жителите на Евпаторија не разбираат што се случува. Окупаторските власти не објаснуваат, а според информациите амбулантни возила и полиција возат низ градот.

Тврдењата не се независно потврдени.