ВИДЕО | Украинците со ‘ефтин’ дрон ја уништија руската воздушна гордост – бомбардерот Tu-22 распарчен среде писта во Русија, погледнете!
Рускиот суперсоничен бомбардер со долг дострел Тu-22, еден од водечките авиони на воздухопловните сили под команда на Русија, е целосно уништен во напад на украинско беспилотно летало.
Ова го објави BBC, повикувајќи се на извештаите за нападот за кои велат дека ги анализирале и веруваат дека се точни.
Се наведува дека на социјалните мрежи се објавени фотографии од Тu-22 кој гори на пистата во воздухопловната база „Солци-2“ јужно од Санкт Петербург.
BBC пренесува и руски тврдења дека украинскиот дрон бил погоден со куршуми од пешадиско оружје, но дека сепак успеал да го „оштети“ моќниот воздушен бомбардер, а се наведува и дека Украина не го коментирала нападот.
Британскиот медиумски сервис пренесува дека Tu-22 може да се движи со двојно поголема брзина на звукот и дека Русија интензивно ги користи овие авиони во нападите врз градовите во Украина.
Се вели дека Министерството за одбрана на Русија објавило дека украинскиот напад врз бомбардерот бил извршен со дрон во саботата на воената воздушна патека во областа0 Новгородска.
„Еден авион е оштетен, а во овој терористички чин нема жртви“, наведуваат власите од Москва, додавајќи дека на пистата избувнал пожар кој брзо бил изгаснат.