ВИДЕО | ФАТЕН СМРТОНОСЕН ЏИНОВСКИ ПАЈАК – НАЈГОЛЕМ ДОСЕГА! Изгледа страшно, а му го дале името – Херкулес

Смртоносниот џиновски пајак од инка, наречен Херкулес, бил пронајден на околу 80 километри северно од Сиднеј и прво бил однесен во локална болница, се вели во соопштението од австралискиот парк за рептили. Експертите за пајаци успеале да го фатат, а набрзо сфатиле дека тоа е најголемиот машки примерок на пајак досега, долг дури 7,9 сантиметри. Пајаците од овој вид таму обично се долги од еден до пет сантиметри, женките се поголеми, но не толку смртоносни.

Дождливото и влажно време создало идеални услови за развој на овие пајаци. Тие претежно живеат во шумски области и градини во предградијата на Сиднеј, најголемиот град во Австралија и Сините Планини на запад од земјата, според CBS News

Заробените пајаци се молзат за да се извлече отровот неопходен за производство на спасувачки противотров. Од почетокот на оваа програма во 1981 година, нема фатални случаи на каснувања од овој пајак.

Погледнете како изгледал уловениот пајак ОВДЕ.