ВИДЕО | “ФЕРАРИ ОД БАЛКАНОТ“ – Југо од кое ечи турбо-фолк музика е вистинска сензација низ улиците на Чикаго: “Погледнете ја само регистрацијата…“

Од големите улици на главниот град на целиот Балкан на територијата на САД, градот Чикаго, доаѓа видео кое во последните денови стана хит на социјалните мрежи. 

Во морето луксузни автомобили и моќни машини се појави Jуго од кое ечат песните на српската турбо-фолк пејачка Тина Ивановиќ, пренесуваат соседните медиуми.

Дополнително, вниманието на многумина го привлекоа и регистарските таблички кои не кажуваат ништо повеќе, ни помалку од Живорад. Ова е очигледно името на сопственикот на тој автомобил, кој е регистриран во американската сојузна држава Илиноис.

Во коментарите под видеото на социјалните мрежи, корисниците го величаат и фалат изгледот на Југото на Живорад, кое Американците одамна го прогласија за најлошото на сите времиња. Корисниците љубезно го нарекуваат како – „Ферари од Балканот“.