ВИДЕО | Фудбалерот на Реал Мадрид одлучи да не постигне гол ? Потег кој ја шокираше планетата: Погледнете што направи ѕвездата на “Кралскиот клуб“

Ситуацијата од натпреварот на Реал Мадрид во шпанското првенство го насмеа целиот свет.

Реал Мадрид го победи Кадиз на гости со резлутат од 3:0, но играчите на овој клуб се вознемирија на почетокот на вториот дел.

Главни актери беа напаѓачите, Родриго и Хоселу, а потегот на Хоселу ги збуни гледачите. Тој ја пропушти можноста да ја доврши акцијата на својот клуб и од еден метар да ја испрати топката во голот, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

По натпреварот, тој објасни што се случило.

Разговарав со Родриго за тоа што се случи. Прво се обиде да додаде, па сакаше да дрибла за да го измами голманот, а кога го направи тоа, помислив дека ќе продолжи кон голот и ќе шутира. На крајот ниту едното не се случи“, рекол Хоселу на новинарите и додал: „Мислам дека ова ми се случи за првпат во кариерата. Ќе остане анегдота, а најважно е што победивме“.