(Видео) Халанд постигна фантастичен гол, оствари неверојатен настап во репрезентацијата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд постигна спектакуларен гол на гостувањето кај Норвешката репрезентација на Кипар.

Се играше во 65. минута од натпреварот кога по корнер топката стигна до корпулентниот Халанд, кој едвај ја прими топката, а потоа фати брутален волеј и ја „скина“ мрежата на голманот на Кипар.

Погледнете го голот на напаѓачот на Манчестер Сити овде .

Ова беше 26. гол на Халанд во 27. натпревар за оваа скандинавска селекција, а неколку минути подоцна стигна до 27 гола во исто толку натпревари.

Норвежаните во моментов се на третото место на табелата во групата А со седум освоени бодови од пет одиграни натпревари, додека Кипар беше последен без бодови.