ВИДЕО | ХАМАС ОБЈАВИ СТРАШНА СНИМКА – Безмилосно убиваат израелски војници од заседа, а пукаат и во оние кои доаѓаат да ги соберат мртвите
На социјалните мрежи се појави ново видео на палестинската екстремистичка организација Хамас на кое се гледаат нивните напади врз израелските војници во Појасот Газа.
Видеото го има воведното лого на Хамас, а го објави еден од корисниците на социјалната мрежа Х (Твитер) и истото можете да го погледнете ОВДЕ (ВНИМАНИЕ – вознемирувачка соодржина).
Во објавата се наведува дека тоа се должи на акциите на бригадите на Хамас – Ал Касам.
Во видеото, Хамас ги напаѓа трупите на израелските одбранбени сили (ИДФ) кои спроведуваат копнена операција во палестинската енклава.
Се наведува дека заседите резултирале со смрт на неколку израелски војници.
Припадниците на бригадите Ал Касам користеле рачни противтенковски ракетни фрлачи RPG-7 од кои истрелувале ракети, кои Хамас ги произведува сам.
Израелските војници биле нападнати од заседа и застрелани со обично огнено оружје.
На видеото се гледа дека, откако погодените израелски војници паѓаат и нивните другари доаѓаат да ги извлечат, Хамас отвора оган и врз нив.