ВИДЕО | ХАОС ВО ТУРЦИЈА – Демонстранти насилно ја нападнаа американската воена база поради ситуацијата во Појасот Газа
Во турскиот град Адана полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите кои се обидоа да влезат во американската воена база Инџирлик, пишува DHA.
Настанот наречен „Конвој на слободата за Палестина“ го организираше турската фондација за хуманитарна помош „Човекови права и слободи“.
Конвојот тргна од Истанбул и стигна до базата Инџирлик. На возењето се приклучија и автомобили кои пристигнаа од други градови.
Демонстрантите бараа затворање на базата поради ескалацијата во Појасот Газа.
Според медиумите, протестот бил мирен. Полицијата блокираше некои патишта, но во еден момент група демонстранти се обиде да влезе во базата.
„Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги спречи демонстрантите“, објавија медиумите.
Видео-снимките од демонстрациите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Воздухопловната база Инџирлик во јужна Турција ја користат американските воздухопловни сили.
Дополнително, американската Армија управува со радарска станица за рано предупредување за проектили лоцирана во регионот Куречик во провинцијата Малатија и е дел од системот за ракетна одбрана на НАТО во Европа.