ВИДЕО | ХАОС – Постигна два гола и направи жестока расправија со Пеп Гвардиола: Шпанецот урлаше по Ерлинг Халанд, а камерата сними се!

Актуелниот шампион Манчестер Сити блескаво ја отвори новата сезона во Премиер Лигата.

Граѓаните“ на стартот од првенството убедливо славеа на гостувањето кај Барнли (0:3) , а двоен стрелец на овој меч беше феноменалниот Норвежанец Ерлинг Халанд.

Иако два пати ја погоди мрежата во првите 45 минути игра, Пеп Гвардиола не беше задоволен, па на полувремето му одржа лекција на Норвежанецот.

Нешто сериозно го изнервира Шпанецот, кој беснееше по својот голгетер.

Пеп Гвардиола отиде до Ерлинг Халанд и почна да вика по него, а одговори и Норвежанецот и дојде до прилично жестока расправија која беше фатена на камера. Кога сфатил дека се се снима, бесен Пеп Гвардиола му пришол на камерманот на Sky Sports, ја оттурнал камерата и му рекол на камерманот да се тргне од него.

Ерлинг Халанд му донесе предност на Манчестер Сити во 4. минута по асистенција на Родри. Брилијантниот Норвежанец во 36. минута ја удвои предноста по додавањето на Алварез, а конечниот резултат го постави Родри во 57. минута од натпреварот.