ВИДЕО | Хаос што не можете да го видите на малите екрани – погледнете што се случува на евровизиската сцена помеѓу настапите
Видеото од арената во Ливерпул на сите ни покажува што всушност се случува на сцената на Евровизија за време на паузите меѓу настапите и како се подготвува сцената за следниот изведувач за само неколку секунди.
Еден од посетителите на арената во Ливерпул, комичарот Аби Кларк, снимил видео како изгледа промената на сценографијата.
„Она што не го гледате во текот на 40-те секунди меѓу песните на Евровизија“, се вели во описот на видеото во кое работниците трчаат низ сцената носејќи реквизити, инструменти и создавајќи сценографија за следниот натпреварувач.
„Ова го практикуваат само три-четири пати пред вистинското емитување. Организиран хаос“, се додава во описот на видеото на кое се гледа како голем тим координирано извршува различни задачи, а сето тоа резултира со брза подготовка на сцената за следниот натпреварувач.