ВИДЕО | Херојски чин на граѓаните: „Го фатија малото девојче кое падна од тераса и и го спасија животот“

На платформата ItemFix е објавено драматично видео снимено на 22 мај, најверојатно во Кина .

Го прикажува моментот кога граѓаните спасуваат дете кое падна од висококатница, иако деталите за инцидентот остануваат непознати.

Еден од корисниците тврди дека мајката отишла да го земе другото дете на училиште, додека ќерката останала дома и си играла на мобилниот телефон.

Таа наводно излегла на терасата од станот на вториот кат, но не е јасно како паднала.

Случајните минувачи го виделе девојчето на балконот и брзо реагирале сфаќајќи што ќе се случи. Ја фатиле во големо платно и така ја спречиле трагедијата .