ВИДЕО | Хорор на плажа во Флорида – во престрелката ранети девет лица, меѓу кои и едно мало дете

Девет лица биле застрелани за време на конфликт помеѓу две групи на луѓе што се случил во понеделникот на популарната плажа „Холивуд“ во Флорида, САД, обајви CNN.

Полицијата привела едно лице поврзано со инцидентот, а во моментов трага по другите. Полицијата соопштила дека тој бил црнец облечен во црна маица и маскирни шорцеви.

Најмладиот повреден во инцидентот има само една година, а најстариот има 65 години.

Пукањето се случило во близина на улицата „Џонсон“ и северното шеталиште на плажата со палми преполно со ресторани и продавници.

Полицијата пристигнала на местото на настанот околу 18:45 часот по локално време и таму затекнала девет лица со рани кои ги добиле во престрелката. Повредените се префрлени во блиските болници. Иако првично се мислело дека сите жртви се стабилни, подоцна е објавено дека една од нив била оперирана и се бори за живот.

Полицијата и локалните власти побарале од граѓаните да се држат настрана од местото на конфликтот.