ВИДЕО | Хорор сцена за време на телевизиски пренос во живо: Фудбалската легенда на Премиер Лигата се онесвести пред камерите – погледнете
Шака Хислоп, новинар на ESPN и поранешен голман во Премиер Лигата, ги шокираше сите бидејќи колабираше при известување во живо на неделниот пријателски натпревар помеѓу Милан и Реал Мадрид во Пасадена, Калифорнија, пишува Daily Mail.
54-годишникот поранешен голман колабирал т.е. се онесвестил за време на преносот во живо и паднал врз Ден Томас и предизвикал општа паника. Температурата на воздухот во моментот на известувањето била околу 25°C, но не е утврдено дали топлината е поврзана со губењето на свеста кај Шака Хислоп. Набргу по инцидентот, ESPN го прекинал преносот и подоцна ги информирале гледачите дека репортерот е свесен и стабилен.
„Шака Хислоп е свесен, зборува, ми се чини дека е малку засрамен и испрати извинување до сите. Рано е да се постави каква било дијагноза, но важно е да е свесен. Разговаравме со неговата сопруга и се чини дека се е во ред“, им рекол Ден Томас на гледачите.
На социјалните мрежи веднаш почнаа да се појавуваат загрижувачки пораки од обожавателите и пријателите. „Страшно е да се биде сведок на вакво нешто. На легендата и посакувам многу сила и брзо закрепнување“, напишал еден од обожавателите на социјалната мрежа Твитер, а друг додал дека му е драго што поранешниот голман е свесен и што докторите се грижат за него.
Шака Хислоп е роден во Англија во 1969 година, играше за репрезентацијата на Тринидад и Тобаго како и за неколку англиски и американски клубови. Фудбалската кариера ја започна во 1992 година во Ридинг, помина 14 години во Англија играјќи за Њукасл, Вест Хем и Портсмут, пред да се приклучи на Далас од МЛС лигата. Тој ги „закачи копачките“ и стави крај на кариерата во 2007 година.