Голема трагедија во Австрија – мајка-монструм си убила своите две деца: Ги удавила во базен, а потоа со автомобил се обидела да побегне !?

Морничава вест се прошири низ Австрија денес, нешто по пладне.

Како што објавија австриската телевизија ORF и другите медиуми на своите портали во Абсдорф кај Тулн во провинцијата Долна Австрија, 36-годишна мајка убила две свои деца: 7-месечно бебе и 7-годишна ќерка.

По грозоморниот настан, таа влегла во автомобил и се обидела да се самоубие удријќи во дрво на патот. Во несреќата била повредена и пренесена во блиската болница, но според портпаролот на полицијата, нејзиниот живот не е во опасност, пишуваат тамошните медиуми.

Овој хорор, како што пренесуваат медиумите, започнал утрово во 9 часот и 30 минути кога таткото на двете деца се јавил во полиција и рекол – „дека му се јавила сопругата и рекла дека ги убила нивните две заеднички деца, а сега ќе се самоубие и себеси“. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и преку отворената врата од балконот влегла во заедничката куќа на брачната двојка.

Според полицискиот извештај, и полицајците се згрозиле кога наишле на мртви тела на 7-месечно бебе и 7-годишно девојче. На помош веднаш пристигнале два хеликоптери и неколку амбулантни возила. За жал, веќе било доцна и докторите не успеале да ги оживеат двете деца.

Австрискиот весник Kronen Zeitung пренесува дека има информации дека 36-годишна мајка ги удавила своите две деца во базен.