Борба за прво место: Се знае кога играат Новак и Синер!

Нема дилема дека не очекува исклучително квалитетен натпревар во Торино

Познато е кога Новак Ѓоковиќ ќе игра против Јан Синер во второто коло на завршниот Мастерс во Торино.

Двајцата ќе излезат на терен во вторник (21.00 часот), што ќе биде последен натпревар од утрешната програма.

Тој дуел најверојатно ќе одлучи кој ќе заврши прв во групата на зелените, што значи дека ќе имаат полесен противник во полуфиналето.

Во првото коло, по голема борба, Ѓоковиќ го победи Холгер Рун со 2:1, додека Синер многу полесно се мина со Стефанос Циципас и победи со 2:0.