ВИДЕО | Цела Европа зборува за ова! Дали е можно ова да се случи на натпреварот против Партизан и Реал Мадрид !?

Бизарен и неверојатен детал се случи на четвртиот натпревар од серијата помеѓу Партизан и Реал Мадрид

Црно-белите“ беа поразени во уште еден драматичен натпревар, па ќе мора да бараат пласман на фајнл-фор турнирот во Мадрид, каде во среда повторно ќе си ги одмерат силите.

Партизан лошо го започна натпреварот и имаше двоцифрена негатива на крајот од првата четвртина, но успеа да се врати во вториот дел и да го доведе натпреварот до израмнето.

Последните поени од втората четвртина ги постигна Серхио Луљ од линијата за слободни фрлања, а потоа се случи нешто навистина неверојатно за што коментираат многу корисници на социјалните мрежи.

Партизан го одигра последниот напад за кој имаше само 2,2 секунди со шест играчи на терен !?

Никој од кошаркарите, тренерите или судиите не забележа што се случува, па „црно-белите“ останаа неказнето.

Данило Андушиќ погоди тројка од голема далечина, но таа беше неважечка откако судиите видоа дека времето за игра истекло.

Ден по натпреварот, социјалните мрежи беа преплавени со видео-снимки на кои се гледа дека Џем Мадар извел аут под „црно-белиот“ кош, и како му ја додава топката на Андушиќ и дека Јанис Папапетроу, Данте Ексум, Матиас Лесор и Џејмс Нанели исто така биле на подот.