ВИДЕО | ЦРНИ ВДОВИЦИ СЕ ПОЈАВИЈА НА БАЛКАНОТ – Мештаните немаат мир, огромните пајаци влегуваат во куќите, а отровот е 15 пати посилен од отров од змии!
Жителка на Раб снимила црни вдовици во својата куќа и предупредува на недостиг на противотрови во Хрватска!
„Црните вдовици се стандардни жители на островот, навикнати сме на нив, но не беа гости во нашите дворови и куќи како што се случи последниот месец“, изјавила жената за хрватските медиуми.
Таа додава дека мештаните наоѓаат смртоносни пајаци пред влезните врати и во куќите и наведува дека тие влегуваат и преку терасите и камините.
„Премногу се тресев додека снимав, но мислам дека е многу јасно дека се црни вдовици“, рекла локалната жена.
Таа наведува дека контактирала со клиниката во Раб, како и со Заводот за јавно здравје на округот Приморје-Горски Котар и Министерството за здравство за да се распраша за противотровот.
„Сепак, дознав дека нема противотров во целата Жупанија! Хрватска како туристичка земја нема ни минимална залиха на противотров за каснување од црна вдовица“, изјавила во шок жената.
Црната вдовица е еден од најпознатите и најотровните пајаци во светот и ја има на сите континенти. Во Хрватска најзастапени се во Истра и Далмација, а најлесно се препознаваат по црвените дамки на телото.
Бојата на пегите се менува во зависност од возраста. Додека црните вдовици се млади, дамките се бели, а како што поминува времето, во центарот на дамката се појавува портокалова дамка, која постепено се шири и потемнува. Кај женките, пегите постепено стануваат црвени, а кај мажјаците останува бела граница околу пегите.
Отровот е 15 пати посилен од отровот на најотровната змија!