ВИДЕО | ЦРН ЧАД СЕ ИЗДИГНА НАД ОДМАРАЛИШТЕТО НА ВЛАДИМИР ПУТИН – Гори голема фабрика за гориво во Сочи

Рано утринава, во близина на аеродромот во руското црноморско одморалиште Сочи се запали резервоар за дизел гориво. Истакната профил за вести на социјалната мрежа Телеграм, објави видео-снимка од голема колона чад што се издигнува над градот.

Пожарот сега е изгаснат, соопштил градоначалникот на градот, а видео-снимките од пожарот можете да ги погледнете ОВДЕ.

Немаше жртви“, објави Алексеј Копајгородски на социјалната мрежа Телеграм и додаде: „Аеродромот и целиот транспортен систем функционираат нормално“.

Алексеј Копајгородски соопшти и дека се истражуваат причините за пожарот.