Шокантно видео од Еди Рама! Приоѓа и ја фаќа италијанската премиерка од позади! Мелони е збунета а новинарите не можат да поверуваат што се случува (видео)
Премиерот на Албанија, Еди Рама, со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави шокантно видео на кое се гледа како се бакнува со италјанската премиерка Џорџија Мелони.
Непримерниот гест на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина во јавноста ширум Европа.
Во видеото албанскиот премиер Еди Рама ѝ приоѓа на Џорџија Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот. Збунетата Џорџија Мелони на почетокот не разбрала што се случува.
„Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја нападна италијанската премиерка Џорџија Мелони“, напиша на социјалната мрежа Твитер новинарката Анета Захова.
Опозицијата остро го поздрави потегот на Еди Рама и порача дека премиерот на црвениот тепих се однесувал како холивудска ѕвезда.
„Еди Рама ја бакна Џорџија Мелони, но тоа не му ја зголеми популарноста. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели. Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови“, изјави поранешниот претседател на Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.
За време на неговата политичка кариера, Еди Рама е познат по неконвенционалното облекување и шокантните потези за време на официјалните средби.