ВИДЕО | Шокантна снимка се шири на социјалните мрежи: Камионџија полудел од група демонстранти кои го блокирале патот, а потоа започнал вистински хорор – погледнете!

Лут возач на камион ја изгубил работата откако бил снимен моментот кога се залетал со тешко товарно возило кон група климатски активисти кои протестирале на главниот пат.

Во средата, шест демонстранти застанале на патот во Штралзунд, Германија, и го запреле неговиот камион.

На видеото кое брзо почна да кружи на социјалните мрежи, се гледа како возачот (41 г.) излегува од камионот и потоа влече еден од демонстрантите на патот. Тој потоа го турнал другиот демонстрант на земја и го удрил со тупаници, а потоа се вратил во камионот и со камионот влетал во двајцата мажи, туркајќи ги неколку метри по патот, а за малку ќе ги прегазил пред да закоче.

По драматичниот инцидент возачот сам се предал во полиција, а му била одземена возачката дозвола, а дали ќе му биде вратена или не ќе одлучи судот.

Работодавецот на возачот, снабдувач со индустриски гас изјавил за локалните медиуми дека таквото однесување е неприфатливо и дека на раководството на компанијата му било наредено да го спречи возачот да вози за нив.

Полицијата соопштила дека за време на инцидентот нема повредени. Против возачот е покрената истрага за нападот, а против демонстрантите за кршење на законот за собирање и сомневање за принуда во патниот сообраќај, пишува Yahoo News.