ВИДЕО | Шокантни снимки го потресоа светот: Женски работнички биле принудени да се соблекуваат голи за да докажат дека не украле ништо (18+)
Специјализираниот веб-портал The Workers Rights, кој се занимава со правата на работниците во светот, објави видео-снимка со вознемирувачка содржина на која, како што тврдат, се гледаат работнички во магацинот на руската компанија „Wildberrys“ како се соблекуваат по долна облека за да можат властите да проверат дали нешто не украле или не.
„Ова е кршење на основните човекови права и мора веднаш да престане“, стои во објавата на веб-порталот во описот на видеото објавено на Јутјуб.
Во коментарите на социјалните мрежи се наведува дека станува збор за руската верзија на познатата компанија „Amazon“, веб-страна која продава разни стоки преку Интернет.