ВИДЕО | ШОКАНТНИ СНИМКИ – Децата бегаат насекаде додека во Киев се случува ‘дожд од бомби’! Русите го бомбардираа градот – се огласи и сопругата на Володимир Зеленски

Олена Зеленска, сопругата на претседателот на УкраинаВолодимир Зеленски, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави видео на кое се гледаат деца како трчаат за заштита поради руски напад од воздух на главниот град. 

Странските медиумски агенции објавија дека експлозии одекнале низ Киев во неделата навечер и во текот на претходната ноќ.

Ова е Киев. Ние веќе дејствуваме. Украина ја продолжува борбата“, објави Олена Зеленска на својот Твитер профил.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека украинската противвоздушна одбрана соборила руска ракета за време на ноќниот напад на Киев. Утринава следеле нови напади кога експлозии се слушнале и во центарот на градот, а градоначалникот ги повика граѓаните да останат во засолништа додека не заврши алармот.

Градската управа на Киев на социјалната мрежа Телеграм објави дека – „за време на денешното гранатирање на главниот град, повеќе од 41.000 луѓе биле под земја“, и дека – „повеќе од 9.000 граѓани се засолниле во станиците на метрото, меѓу кои 1.120 деца“. Тие ги потсетија жителите дека – „за време на вонредна состојба на станиците можат да добијат столчиња и вода за пиење“, потсетуваат дека на станиците е прилично студено, па ги повикаа граѓаните да понесат со себе топла облека.