ВИДЕО | Шокантни сцени од Црна Гора: Брутална пресметка помеѓу пијани туристи од Русија и вработени во познат ресторан: “Им ја скршија главата со столчиња“

Во еден познат ресторан во Будва, Црна Гора, дошло до физичка пресметка меѓу персоналот и гостите, пишуваат тамошните медиуми.

Во инцидентот во Будва, учествувале четворица руски државјани, кои во алкохолизирана состојба најпрво со автомобил се движеле покрај шеталиштето и за малку не удриле мотоциклист.

Според очевидци, откако автомобилот го блокирал шеталиштето, Русите демолирале една туристичка агенција, а потоа нападнале келнер од блискиот ресторан и му ја скршиле главата.

Потоа тие започнале физичка пресметка со сопственикот на ресторанот, додека другите вработени се обидувале да ги спречат да не го уништат целиот ресторан. Меѓутоа, набрзо келнерите на ресторанот се „групирале“ и тргнале во контранапад. Агресивните гости биле брутално претепани со столови по глава.

Погледнете го видеото што кружи низ социјалните мрежи: